Партијата Народно движење за Македонија на Јанко Бачев, настапува самостојно и ќе излезе на изборите на 5 јуни. Бачев, вели дека изборната битка ќе биде тешка, особено со сателитските партии од власта, но сепак ќе оди на избори, затоа што смета дека тие се решение за излез од политичката криза.
„НДМ силно верува дека е созреан моментот народот да го разбие двопартизмот во Македонија, во кој 25 години на власт се менуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на земјата не и оди добро. Исто така нашиот настап на изборите на 5 јуни е во духот на нашите заложби во однос на длабоката политичка криза во која е заглавена државата.“, рече Бачев.


