Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“.
– Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи.
– На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат сериозни, суштински и временски ограничени преговори за нуклеарното прашање. Се надеваме дека тоа ќе може да се реализира – рече Рубио.
МИА


