Во тек е акција на МВР на подрачјето на Крива Паланка, каде се приведуваат и апсат осомничени лица за кражба тешка околу 2 милиони денари, објави Ипортал.
Ова кривично дело било направено пред неколку месеци и истото било затскривано од тогашниот врв на МВР. Но по смената на началникот, работите почнале да се разоткриваат, пишува порталот.
Блиски извори на МВР, за Ипортал потврдуваат дека главен осомничен е лице од Битола за кое неофицијално порталот дознав дека веќе му е одредена мерка притвор.
Помеѓу приведените, со лисици на рацете, однесен во Куманово е и синот на шоферот на градоначалникот на Крива Паланка, како и уште едно лице кое било штитено од локалната полиција, и истото лице наводно фигурирало и во настаните со џамијата во Крива Паланка, за кое порталот дознава дека по приведувањето веднаш го признал делото.
Се претпоставува дека локални полициски службеници биле логистика на оваа криминална група.
Се истражува и евентуалната поврзаност на овие лица во уште неколку разбојништва, меѓу кои и настанот со насилното влегување во семејната куќа на еден приватен стопанственик кој има маркети во близина на граничниот премин Деве Баир.
Еден од денеска приведените, наводно одговарал на описот.
Казната само за делото за кое денеска се приведени е над 10 години затвор.


