Непознати лица ноќеска подметнале пожар на моторно возило „БМВ“ сопственост на А.Ј. (30) од Скопје, кое е опожарено во предниот дел.
МВР информира дека ноќеска во 2.23 часот Д.Ј. пријавил дека на улицата Адам Мицкиевиќ, во Скопје, од страна на неколку непознати лица кои биле со качулки на главите, со претходно запалено шише, опожарено е во предниот дел патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син А.Ј.(30), кој самиот успеал да го изгаси огнот, а лицата го напуштиле местото на настанот.


