Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Едно лице го загуби животот, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи околу 17.20 часот на патот Битола-Прилеп кај Тополчани. Повредените се пренесени во клиничката болница во Битола.

Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола, животот го загубил 36 годишен жител на битолското село Граешница со иницијали Т.С.  Од петте повредени, три се малолетни деца.

–   Од се уште непознати причини, дошло до судар на две патнички возила, марка „Голф“. Возилото „голф 5“ со битолски регистерски таблички се судрило со возило „Голф 4“ со прилепски регистерски таблички. На местото на несреќата животот го загуби 36 –годишниот возач на голфот со битолски регистески таблички. Со него биле уште четири лица од кои три малолетни. Сите се повредени и пренесени во Битоласката клиничка болница. На лекување е пренесен и повредениот возач на голфот со прилепски регистерски таблички, изјави Миленкоска.

Увид на местото на несреќата  извршија полицијата и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Битола.

Поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат од 17.45 до 20.05 часот беше пренасочуван преку стариот пат Битола-Прилеп.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести