Возило излетало од автопатот Скопје – Велес, возачот префрлен на Скопските клиники со хеликоптер

Едно лице е повредено денеска откако возилото со кое управувало излетало од автопатот Скопје – Велес.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот.

– Патничко возило марка „сеат кордоба“ излетало од автопатот. Повредениот возач со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.

Сообраќајот на таа делница од автопатот Скопје – Велес не е во прекин.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести