Домашен притвор за четворица обвинети во „Монструм“

Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1, два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода, соопшти попладнево Врховниот суд.

Шест лица беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.

На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести