Спасовски: Приведени три лица за вчерашното убиство во Чаир

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека се приведени три лица во врска со вчерашното убиство на 24-годишното момче во Чаир.

– Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот – рече Спасовски, кој денеска беше во посета на Центарот за обука на МВР во Идризово.

Тој додаде оти се очекува во текот на истрагата да се откријат мотивите за убиството и да се обезбедат докази за сторителот.

извор: Мета

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести