„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е превземена со сите авторски права“, соопштија денеска од Министерството за економија.
Тие исто така информираа дека Министерството за економија во текот на денешниот ден ја заменило оваа фотографија со нова, од домашна туристичка дестинација.
„Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.
Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, каде што дополнително сите граѓани кои што ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата“, се додава во соопштението од Министерството за економија.


