Денес заедно со градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, бевме во посета на фирмата УНИ АГРО – фабрика за сточна храна која е прва инвестиција во општина Лозово и која е финансирана преку Ипард програмата додека јас бев министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјата ја зедоа на првиот инвестициски оглас а проктот се спроведува преку поддршка на ИПАРД од околу еден милион евра!

Инаку, ова место е запаметено како круната на лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Тука тие излажаа дека во Лозово ја донеле најголемата инвестиција што сме ја виделе. Сахара Груп од Субрата Рој со лажни инвестиции и 20 000 крави.
Без никаков срам, денес на истото место се појави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски, за пак да ветува дека навистина на ова место ќе има 20 000 крави!!!
Луѓе имајте основна доблест! Имајте усул во лажењето!
Николоски вели дека Дрекслер Маер ќе се затворал и веднаш потоа неговиот сопартиец, градоначалникот на Кавадарци, Јанчев вели дека тоа се измислици.
Берете памет драги пријатели. Немаат крај со лагите!
Споредете ги двете владеења, видете кога беа платите повисоки, пензиите повисоки, социјалната помош поголема, поддршката за земјоделците поголема.
Изборот драги луѓе е лесен. Ако сакате иднина и ако сакате Македонците да останат дома! А во странство да одат само македонските производи. 🇲🇰❤

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Генерален секретар на СДСМ
]]>


