Ќе има и казни со затвор: Списокот со 344 газди оди во Обвинителството, злоупотребиле 180.000 евра од државниот минималец

243 газди се спасија, а 344 може кривично да одговараат за злоупотребата на државните пари за исплата на минималец за работниците. Финалниот список денеска патува кон Обвинителството, потврдија за „Телма“ од Генералниот секретаријат. Газдите кои минималецот за работниците си го ставија во џеб, покрај што ќе ги враќаат парите, ќе заработат и парични казни, а  им се заканува и казна затвор од 1 до 10 години.

Но, како се ажурираше списокот така „испаруваа“ и фирмите. Па така првично УЈП објави дека вкупно 708 газди за два месеци,  не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени. Но до јавното објавување на фирмите паѓаа и бројките. Првичниот список беше со под 600, за финалниот список да брои 344 компании – неплаќачи. Не исплатиле над 180.000 евра на 800 вработени.

Повеќе на линкот: Телма

]]>

Најчитани вести