Карминот отсекогаш се сметал за антикризно „оружје“, односно колку економски период бил потежок, толку повеќе се продавале кармини, пишува италијанскиот весник „Република“.
Т.н. „индекс – кармин“ е термин измислен од Леонард Лаудер од компанијата „Estee Lauder “, со кој сакал да ја опише зголемената продажба на козметика и шминка за време на рецесијата во раните 2000-ти.
Заклучокот бил дека со купување кармини, жените ги заменувале поскапите набавки што не можеле да си ги дозволат во рецесија, како на пример фустани и чевли.
Поради пандемијата со Ковид 19 и заштитата на носот и устата со маска, периодов жените се прилагодиле на новите начини на купување, честопати преку Интернет, притоа почесто одлучувајќи се за шминка за очи и лак за нокти отколку кармин.
]]>


