Голманот на Реал, Андреј Лунџин, се оженил со својата долгогодишна девојка Анастасија Тамазова, а многумина се изненадија од неговото „свечено одело“ кога видоа што носел на овој посебен ден.
Фото: Инстаграм
Лунџин се појавил во тренерки, а и неговата идна сопруга Анастасија, не облекла венчаница, иако се облекла во бело.
Лунџин е мирно момче, кое не се фали премногу со луксузот. Тој дојде во Реал Мадрид во 2018 година. Летово мадридскиот клуб го чуваше во соблекувалната и тој е втор голман на тимот.
Оваа сезона Лунџин одигра еден натпревар за Реал и прими два гола. Тој е првиот Украинец кој играл за „кралскиот клуб“, а има и шест настапи во националниот тим.