Македонија ја победи Германија во квалификациите за мундијалот во Катар

Во рамки на треттото коло од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, Македонија во гости го совлада четирикратниот светски првак Германија со 1:2

Македонската фудбалска репрезентација сосема заслужено ја победи Германија  во гости со резултат 1:2

Црвено-жолтите тргнаа  храбро уште во првата минута и во ниту една минута не покажаа колебливост пред светската фудбалска сила. Првиот шок за Германците се случи во судиското надополнување на првото полувреме. Енис Барди асистира, Пандев шутира. Матиран е Тер Штеден,  за водство на Македонија   од 1:0.

37-ми  гол на 37- годишниот Горан Пандев  во дресот на македонската фудбалска репрезентација, прв кој Германија го прими на овие квалификации.

На почетокот на второто полувреме Германците го зголемија притисокот на голот на гостите и стигнаа до изедначување во 63-та минута, преку пенал. Гундоган за 1:1.

Скандалозен момент следеше во 77. минута, кога по еден корнер топката заврши во раката на Емре Џан тоа беше очигледно, но судијата Карасев не сметаше дека е најстрога казна. Следеа жестоки протести и жолт картон за Пандев, па поради тоа капитенот нема да игра на следната средба.

Три минути подоцна голема шанса за Вернер, но напаѓачот на Челзи пропушта голема шанса во одлична прилика.

Правдата е задоволена во 85- та минута , кога после сјајниот продор и со асистенција на Адеми  по втор пат го матира Тер Штеген.

На табелата од Ј-групата засега  води   Ерменија со 9 бодови, Македонија и Германија со по 6, Исланд и Романија со 3 и Лихтенштајн со 0.

]]>

Најчитани вести