„Двојникот“ на Александар Вучиќ е од Хрватска: Бара девојка на која нема да ѝ пречи тоа што личи на него

Младиот Борна од Хрватска бара сродна душа преку социјалната мрежа Тиндер. Тој не бара многу, но најважно од сè му е на неговата партнерка да не ѝ пречи фактот дека тој личи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Ако сакате да бидете во врска со возрасна зрела личност и не ви пречи што изгледам како Вучиќ, тогаш само „swipe“ надесно“, напиша тој покрај неговата фотографија на социјалната мрежа.

https://twitter.com/lazalaki969/status/1383037748039278594

Само три часа по објавата, тој „собра“ 3.000 следбеници на Инстаграм, а статусот стана вистински хит.

Борна живее во општина Криш, но поради работата е во Загреб каде работи како програмер. Неговите пријатели се согласуваат дека тој многу личи на Вучиќ, а не им требало многу време да започнат и да се шегуваат.

-Луѓето често се „препознаваа“, па претпоставив дека има и причина зошто. На тоа јас или се шегувам или ќе направам да личи на шега, или пак ќе се налутам. Последново за мене нема смисла. Додека луѓето се однесуваат нормално во врска со тоа, немам никаков проблем – изјави тој за „24 sata.hr“.

Првата споредба со Вучиќ му се случила на факултет.

]]>

Најчитани вести