Жителите на источниот дел од Лондон се изненадиле кога на нивните тревници виделе како пасат елени.
Веројатно се работи за едно од петте стада што се одгледуваат во оваа област со стотици години. Локалната организација за зачувување на природата побара од жителите да им отстапат простор на животните и да избегнуваат да прават селфи со нив, пишува Би-Би-Си.

Еден жител кој ги видел животните како се одмаараат пред неговата куќа за медиумот изјавил дека пријатно се изненадил од стадото пред неговата куќа.
-Веднаш ја земав камерата и внимателно им приоѓав. Наскоро забележав и други луѓе како ги фотографиират и видов дека елените се навистина среќни тука. Беше прекрасно, излезе целото соседство. Ова утро сретнав повеќе соседи отколку за пет години колку што живеам овде – изјавил овој жител на Лондон за Би-Би-Си.
]]>


