„Рекордер“: Италијанец си земал плата редовно, а не се појавил на работа цели 15 години

Вработен во болница во малиот калабриски град Катанзаро редовно си примал плата, иако последен пат се појавил на работното место во 2005 година.

Италијанскиот печат на овој вработен му ја додели титулата „крал на отсутните“ затоа што тој го соборил националниот рекорд за не одење на работа со траење од цели 15 години, пренесе Гардијан.

Полицијата соопштила дека на вработениот редовно му се исплаќала месечната плата и дека износот на неговата незаработена плата се искачил на 538.000 евра.

Неработникот рекордер последен пат отишол на своето работно место, во одделот за итни интервенции во случај на пожар, во градот Катанзаро, Калабрија, во 2005 година.

Овој 67-годишен маж сега се соочува со обвиненија за злоупотреба на службената положба, фалсификување и тешка изнуда.

Под истрага се и шестмина управители на болницата под сомнение дека му дозволиле да отсуствува од работа и да биде платен, што не е единствен случај во јавниот сектор во Италија.

Во истрагата наречена „Part Time“, полицијата собрала докази од записите за присуство и платите, како и изјавите на сведоците од колегите.

„Кралот на отсутните“ наводно му се заканувал на директорот на болницата во 2005 година дека ќе го спречи да покрене дисциплинска пријава за неговото отсуство од работа.

Директорот наскоро се пензионирал, а неговото отсуство не било прекинато бидејќи новиот директор и одделот за персонал не го провериле неговиот случај, велат од полицијата.

]]>

Најчитани вести