Македонскиот шоумен и актер Игор Џамбазов на социјалните мрежи објави фоторафија преку која бара помош да ѝ се врати профилот на неговата Илина.
„Дечки, некој го хакнал профилот на @ilina_arsova. Сите пораки што ќе ви стигнат, не се од Илина, туку од идиотот што го хакнал. Ве молам, пријавете и блокнете. Игор“, напиша Џамбазов, кој повеќе од година дена е во врска со македонската алпинистка Илина Арсова.