Новото продолжение на филмот со „Џејмс Бонд“, ќе започне да се прикажува на големите платна од 30 септември 2021 година. Харизматичниот таен агент од британската тајна служба МИ6, со кодно име 007, по петти пат го глуми актерот Даниел Крег.
Продолжението носи наслов „Нема време да се умре“, а во него Бонд ја напушта активната служба, но неговото „пензионирање“ трае кратко. Долгогодишниот пријател од американската ЦИА, Феликс Лејтер, ќе го побара да му помогне во борбата против мистериозниот криминалец вооружен со нова опасна технологија и, се разбира, светот треба да се спаси…