По добивањето на Оскарот, Хопкинс му оддаде почит на покојниот Бозман

Актерот Ентони Хопкинс синоќа доби Оскар за најдобра главна улога, но бидејќи не присуствуваше на доделувањето на наградите, тој се заблагодари за наградата преку кратко видео во кое го спомна и покојниот Чедвик Босман.

Видно расположен и изненаден што ја освоил наградата, Хопкинс „се јави“ од Велс велејќи дека не очекувал да освои Оскар на 83-годишна возраст.

-Добро утро! Јас сум тука, во мојата родна земја Велс и на 83-годишна возраст не очекував да ја добијам оваа награда. Јас навистина не го очекував тоа!, вели Хопкинс на видеоврската.

-Многу сум благодарен и почестен. Сакам да го споменам и Чедвик Бозман, кој нѐ напушти прерано. Се чувствувам крајно поласкан од оваа награда, рече кратко актерот.

По објавувањето на Хопкинс за победник, некои на интернет коментираа и дека Академијата му ја одзела последната награда на Бозман.

За најдобар актер беа номинирани и Чедвик Бозман („Ma Rainey’s Black Bottom” ), Рис Ахмед („Sound of Metal “), Гери Олдман („Mank“) и Стивен Јеун („Minari“).

За потсетување, Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар, а првиот го освои во 1991 година за најдобра главна улога во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

]]>

Најчитани вести