Таа беше фотографирана од многу фоторепортери, а денеска на профилот на нејзината социјална мрежа се пофали со насловната страница на австрискиот весник „Heute“.
-Фотографија на годината. Станува вирусно глобално – напиша таа под фотографијата.
Јелена вчера во Трговскиот центар „Ушче“ ја пречека толпа новинари за да ја сликаат.

-Само што се вакцинирав, се чувствувам одлично. Дури не го ни почувствував убодот. Верувам дека треба да бидеме одговорни и да им дадеме јавна поддршка на здравствените работници, децата кои се болни. Ова е голема работа за Србија, можеме да бираме. Решив да ја искористам популарноста на вистински начин. Добив Фајзер – изјавила вчера Карлеуша.
Како една од првите 100 вакцинирани во ТЦ Ушче, Карлеуша доби и ваучер за шопинг во вредност од 3.000 динари за шопинг во споменатиот трговски центар.
Ваучерот пејачката го предала на нејзиниот близок соработник и менаџер Зоран Бирташевиќ при што изјавила дека таа нема да го користи, туку дека нејзиниот менаџер ќе се погрижи да биде подарен на некого кому му е потребен.
]]>


