Роберт Де Ниро итно хоспитализиран поради повреда на ногата

Актерот Роберт Де Ниро бил итно хоспитализиран откако за време на снимање на филм ја повредил ногата. Тој бил префрлен во болница во Њујорк, каде што бил прегледан.

Според странските медиуми, не е познато за каква повреда станува збор и дали здравствената состојба на Де Ниро е сериозна.

„Роберт и онака требаше да патува во Њујорк за две недели, така што нема да има одложување во снимањето на филмот“, изјавил портпаролот на актерот.

Де Ниро во моментот го снима филмот „Killers of the Flower Moon“, каде игра заедно со неговиот колега Леонардо ди Каприо.

]]>

Најчитани вести