Сепак имаме некого на Евровизија: Дарко Димитров е еден од авторите на „Loco, Loco“

Големото финале на 65-тото издание на Евровизија започнува вечерва во 21 часот во Ротердам, а за титулата ќе се борат вкупно 26 земји.

Meѓу нив е и Србија, со „Loco, Loco“ на „Hurricane“, а еден од авторите на песната е Дарко Димитров.

Димитров има големо евровизско искуство. Соработувал со голем број пејачи учесници на Евровизија. Пред две години, беше еден од авторите на песната „Prоud“, која Тамара Тодевска ја отпеа на изборот во Тел Авив, Израел.

Димитров е заедно со српскиот тим и вечерва, како и во полуфиналето ќе биде заедно со „Hurricane“, а како што вели „,Hurricane’ ќе го обелат образот на целиот Балкан, но криво ми е што Македонија не влезе во финалето“.

https://www.youtube.com/watch?v=khnpL7HqN5I

– Благодарам на честитките за пласманот во финалето и поддршката од нашиот народ. Пресреќен сум што девојките се одлично прифатени од публиката ширум Европа. И во Ротердам, сите реагираат многу убаво на нивната појава. Добро е што ја темпиравме формата од првата до последната проба. Тие на секое појавување на сцената беа се подобри. Синоќа ја размрдаа сцената со нивната енергија. Се надевам дека тоа ќе го направат и во финалето. Ќе го обелат образот на целиот Балкан. Криво ми е што Македонија не се пласира во финалето. Исто така и Хрватска – открива авторот за „Женски магазин“.

]]>

Најчитани вести