Според официјалната изјава, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки.
Во соопштението тие истакнаа дека и самиот Дамијано побарал да му се направи тест за дрога, што било направено денес и резултатите биле негативни.
„Во „Зелената соба“ не се користела никаква дрога и можеме да кажеме дека случајот е затворен. Шпекулациите само предизвикаа лажни вести, го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот“, се вели во соопштението.
Претходно била направена и проверка околу масата каде што седел бендот, и навистина таму биле пронајдени срчи, како што и тврдеше пејачот, дека во тој момент само се наведнал да ги собере срчите од чашата што ја турнал неговиот колега.
]]>


