Прекинато првенството во футсал, КМФ Проект нов шампион, Шкупи најави жалба до УЕФ

Фудбалската федерација на Македонија на три кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Првата македонска футсал лига го прекина првенството и за шампион ја прогласи моментно првопласираната екипа на КМФ Проект, предизвикувајќи жестока реакција од второпласираниот Шкупи, кој одлуката ја оцени како „скандалозна“ и најави жалба до УЕФА.

Оспорувајќи ја првата шампионска титула во клупската историја на екипата од Јосифово како нелегитимна, попладнево преку социјалните мрежи Шкупи соопшти дека првенството е прекинато пред мечот меѓу двете екипи што требаше да се игра во Скопје.

– Со одлука на Владата, како и Фудбалската федерација на Македонија која не ги презеде плаќањата на ПЦР-тестовите за тимовите од Првата футсал лига, официјално е прекината сезона 2020/2021. Со оваа одлука, моментално првиот тим на табелата, КМФ Проект Цико е неправедно прогласен за шампион, имајќи предвид дека до крајот на сезоната преостанаа уште три кола, а згора на тоа во последното коло оваа екипа требаше да игра за титулата со актуелниот шампион Шкупи во Чаир, се наведува во реакцијата на Шкупи. 

MИА

]]>

Најчитани вести