„Амазон“ направил „соби за плачење“ за своите вработени

Во обидот да им помогне на своите вработени поради бројните критики, особено на интернет, „Амазон“ им ја понуди т.н. „соба за плачење“.

„Амазон“ е една од најголемите компании во светот со пазарна вредност поголема од 1,6 милијарди долари, но иако компанијата на Безос може да се пофали со одлични деловни резултати, една од работите за која честопати е критикувана се условите за работа. Ригорозни норми кои тешко се исполнуваат, кратки паузи за одмор и одење во тоалет, чести повреди на работа, поплаки од вработените дека мораат да уринираат во шишиња, се само некои од работите на кои работниците се жалат со години.

Наместо да ги исполни барањата на вработените и да дозволи подолги паузи или повеќе кратки паузи за во тоалет, некој во „Амазон“ решил да им помогне на работниците на прилично необичен начин – поставувајќи кабини наречени „АмаЗен“ со специјална намена. Во овие кабини вработените ќе можат да си молчат, да плачат и „да се фокусираат на нивната ментална благосостојба“. Внатре има интерактивен киоск каде тие ќе може да гледаат видеа за подобрување на менталното здравје и медитација што треба да им помогнат да се релаксираат и смират.

https://twitter.com/Reachingbroom/status/1398035649001885711
]]>

Најчитани вести