Али Абас е Пакистанец и го држи најлудиот можен салон. Тој вели дека се одлучил драстично да промени нешто во начинот на кој ги третира своите клиенти, се со цел да привлече повеќе од нив, па затоа започнал прво да користи факел, за да му ја скрати косата на оној кој е доволно „луд“ или доволно храбар да дојде кај него.
Сега тој уште повеќе ги подобрил своите техники, па во својот асортиман додал и шишање со помош на сатар и чекан.

„Секој ден се обидувам да најдам нов начин со кој ќе им ја скратам косата на луѓето. Кога користев чекан или нож, тоа беше само експериментално за мене и вежбав да се усовршам“, вели Али.
Тој во своите третмани на коса користи и скршено стакло, а даската за сечење е задолжителна.
„Реакциите на клиентите беа одлични, иако на почетокот некои беа доста исплашени“ – вели Али и додава дека кај него подеднакво доаѓаат и жени и мажи.
]]>


