Заедно со Трпчески, свиреа и неговиот сонародник Александар Крапоски, виолинист од операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур, Франција. Концертот беше невиден успех, публиката во Софија долго време аплаудираше на Симон Трпчески и неговите колеги и музичари од Софиската филхармонија. Тој беше повикуван неколку пати на бис од софиската публика.

Меѓу гостите беа министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија д-р Ирена Стефоска и проф.Велислав Минеков, како и директорот на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија Сашко Насев и специјалниот пратеник на македонската Влада проф. Владо Бучковски. Меѓу гостите имаше многу дипломати од различни дипломатски мисии и странски културни центри во Софија.
Симон Трпчески за дописникот на МИА од Софија, изјави дека е многу задоволен од концертот со неговите колеги и дека има намера да дојде во Бугарија специјално за да го претстави музичкиот проект „Македонисимо“.
За деенска во Софија предводени е официјална средба на министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија, д-р Ирена Стефоска и проф. Велислав Минеков. Тие ќе го разгледаат постигнатото досега, како и можнсостите за надградба на културните контакти меѓу Софија и Скопје. Потоа, министерката Ирена Стефоска ќе го посети Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија.
МИА
]]>


