„Еден од најчудните смртни случаи споменати во Гинисовата книга на рекорди е случајот со оставената жена која се обидела да се самоубие. Таа толку многу била лута на нејзиниот сопруг кога ѝ кажал дека заминува и ја остава заради друга жена.
Многу кратко откако мажот го напуштил нивниот дом таа скокнала од десеттиот кат и паднала токму врз мажот кој во тоа време ја напуштал зградата. Мажот починал на лице место, а жената преживеала“, е статус што одвреме навреме се појавува и како вест и се шири на Интернет уште од 1995 година.
Во некои верзии таа откако преживеала ги земала и парите од осигурувањето за живот на сопругот и станот и си живеела уште 35 години.
Иако статусот е вирален, се работи за фикција, а не „Гинисов случај“.