Oслабнала 45 килограми: Tијана се „стопи“

Популарната македонска пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија и го покажа својата нова фризура, но и своето „ново“ витко тело. Тијана сега има долга и „плава“ коса, но и стомачни мускули и слаб струк.

Пејачката била на диета со која успеала да го изгуби вишокот килограми, а нејзините фанови ѝ коментираа дека никогаш не изгледала подобро.

Инаку, Тијана претходно изјави дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи.

„Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да слабеам само кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба“,  изјави своевремено пејачката и откри дека денот сега денот го започнува со снегулки од овес со чиа и црвено овошје, за ручек обично јаде мисирка со зеленчук, а за вечера риба со салата.

– Имав криза на почетокот, но дадов сè од себе да издржам. Сите треба да се обидеме да јадеме храна без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, но сепак, како и другите жени, и јас често се опуштам и се здебелувам – заклучи Тијана.

]]>

Најчитани вести