Гледачите на натпреварот многу брзо започнаа да реагираат, речиси преку сите социјални мрежи; тие апелираа емитувањето на преносот да се прекине. Меѓу нив се и некои познати фудбалери кои посочија дека е погрешно и длабоко неетички да се пренесуваат таквите сцени.
Би-Би-Си се соочи со бран критики затоа што не го запре емитувањето долго време. Поранешниот играч на Арсенал и поранешен англиски репрезентативец Иан Рајт преку Твитер апелираше програмата да продолжи од студио. Слично реагираше уште еден поранешен англиски фудбалер, Џермејн Бекфорд, кој твитна идентична порака на Твитер. Апели за запирање на преносот испратија и поранешниот англиски професионален боксер Франк Бруно и англискиот фудбалер Стивен Хамфрис, кои ги пофалија соиграчите на Ериксен затоа што го заштитија, повикувајќи ги медиумите кои емитуваа сè, да бидат одговорни.

Oд Би Би Си подоцна се извинија за нивната одлука, но на крајот вината ѝ ја префрлија на УЕФА.
За среќа, Ериксен е добро и целата ситуација не заврши трагично, но можеби ќе нè научи нешто во иднина.
]]>


