Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.
Како што информира ЦУК, пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот парк „Јасен“ нема интервенција од хеликоптери и може да навлезе во паркот. Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 припадници на Армијата, вработени во ШС „Јасен“ и НП Јасен, тројца поќчарникари со едно противпоѓарно возило и армиски хеликоптер. Според информациите на ЦУК од теренот, доцна попладнево на ова подрачје почнало д аврне дожд.
Активен е пожарот кај селата Дивље и Крушје во општина Петровец и се шири кон ливади со сува трева. Во гаснењето учествуваат 12 вработени од ШС „Караџица“ и 5 пожарникари со 2 противпожарни возила.
Во Прилепско активен е пожарот кај село Топлица од село Ракле кон село Крстец, но е е со слаб интензитет. Екипите се справуваат со гасење во нискиот дел од село Ракле. Според ЦУК, се работи за приземјен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, без пламени јазици, но поради ветерот можно е да префрли на Козјак, каде има само трева и камења. Опасност проширување на голем пожар до овој момент, не постои, посочуваат од Центарот. Во гаснењето учествуваат шест вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Активни се два пожари во Велешко и тоа кај Старо Градско и кај мотелот „Македонија“. И во двата пожари гори сува трева и во нивно гаснење интервенираат по тројца пожарникари со по едно противпожарно возило.
МИА
]]>


