20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Централен настан за одбележување на 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор организиран во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк, е конференцијата што ќе ја отвори првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, а обраќања ќе имаат и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети. Поканети се над 200 гости, меѓу кои и потпретседателот на Европската Комисија и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, Хавиер Солана и Џорџ Робертсон, амбасадори на ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, како и други претставници од меѓународната заедница.
Видеото погледнете го на следниот линк.
]]>


