Во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 230, • Тетово – 115, • Гостивар – 101, • Куманово – 43, • Кичево – 37, • Струмица – 36, • Охрид – 20, • Струга – 13, • Битола и Дебар – по 9, • Штип – 8, • Кавадарци и Кочани – по 7, • Велес и Ресен – по 6, • Прилеп – 5, • Македонски Брод – 4, • Радовиш, Виница и Валандово – по 3, • Берово и Пехчево – по 2, • Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.
Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица од Тетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), по едно починато лице од Виница (62г).
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: • Скопје – 12, • Гостивар – 9, • Битола и Кичево – по 3, • Прилеп и Струмица – по 2, • Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.
]]>


