Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на „Евровизија“ под реден број шест со песната “Here I stand”. Евровизијата, која е 65-та по ред, се одржува, во Холандија. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

Инаку, претходно, премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате за македонскиот претставник.
Од земјава ние, како и сите други држави учеснички, не може да гласаме за својот претставник.
Васил несебично го даде својот глас и сите свои емоции на сцената создавајќи моќна и емотивна атмосфера, но за жал без пласман во големото еврозизиско финале.
https://www.youtube.com/watch?v=WRcSHPb_Qwc&feature=emb_title


