Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.
„Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна“, вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома“.
Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.
Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.
„Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после сè, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец“, вели Хајек во својот напис.
MИА
]]>


