Анџелина Џоли го „запали“ интернетот со една фотографија

Популарната американска актерка Анџелина Џоли отсекогаш знаела да го предизвика вниминието на јавноста, но без разлика дали сте од оние кои го сакаат или оние кои не го сакаат нејзиниот карактер и дело, веројатно ќе се согласите дека таа е една од ретките славни личности кои се борат за промени со сите свои ресурси: од граѓански активизам до посвојување на деца и свесност за ракот на дојка.

Последно нешто од нејзината „кујна“ е поддршката за екологијата, односно пчелите и нивната важност за планетата.

Џоли неодамна се приклучи на акцијата наречена „жените за пчелите“, заеднички проект на УНЕСКО и Герлан, мисија за поддршка и обука на 50 пчелари и создавање на 2.500 кошници и 125 милиони пчели до 2025 година.

Анџелина, како и секогаш, сериозно ја сфатила оваа важна задача и целосно ѝ се посветила на неа. Со цел да го привлече вниманието и важноста на темата, таа одлучила да направи мала кампања во соработка со „National Geographic“.

Фотографијата на актерката ја направил Дан Винтерс, кој вели дека наравил се за да Анџелина се чувствува безбедно. Тој исто така сподели дека инспирацијата за оваа фотосесија е легендарната фотографија направена од Ричард Аведон.

За да успее во тоа, Дан ангажирал експерти кои ги произведуваат истите феромони што биле користени и за таа легендарна фотографија од пред 40 години. Овие феромони потоа се ставаат на телото на актерката, така што пчелите почнуваат да се собираат врз неа. Сите на ова снимање носеле заштитни одела, освен главната ѕвезда. Анџелина стоела мирно цели 18 минути и не била касната ниту еднаш. По објавувањето, фотографијата за неколку часа собра над милион лајкови, стана хит на Интернет и тема на денот.

https://www.youtube.com/watch?v=TNqOTMQ2LV0&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести