Победникот на Евровизија конзумирал дрога за време на преносот во живо, групата сè негираше

На социјалните мрежи кружи видео, на кое наводно се гледа како пејачот на групата Манескин, кои победија синоќа на Евровизија, конзумира дрога?!

Дамијано Давид на прес конференција демантираше сè.

За време на шоуто тој бил снимен наведнат над стол, постапка што предизвикала некои корисници на социјалните мрежи да помислат дека тој во тој момент конзумира дрога, иако неколку шишиња го блокираат местото и не може да се види што тој точно прави во тоа време.

По објавувањето на видеото започнаа дискусии дали пејачот навистина консумирал кокаин.

По овие обвинувања, победникот на Евровизија на нивниот официјален профил на Инстаграм напиша дека никогаш не консумирале дрога и дека никогаш не консумирале кокаин. Тие исто така истакнаа дека би се согласиле и на тестирање затоа што не кријат ништо.

https://twitter.com/meghamohan/status/1396249000303595521
]]>

Најчитани вести