Стилот не е тој што нѐ прави модерни, пишува „Elephant journal“. Модерни нѐ прави начинот на кој го обликуваме тој стил и токму тоа одредува како сме облечени. Коко Шанел го знаела тоа.
Еве пет модни совети од модниот гуру Коко Шанел, што важат дури и неколку децении подоцна.
- „Модата е архитектура: Најважни се пропорциите“.
Модата и денес се базира на пропорции. Можеме да носиме екстра големи шалови или џемпери, но треба да ги комбинираме со тесни хеланки или фармерки. Исклучително е важно да се воспостави рамнотежа во облекувањето, од горе надолу. Во спротивно, нашето тело нема да има „рамка“.
Коко постојано ја нагласувала женската „рамка3. Таа „сакаше да им даде на жените удобна облека што ќе им тече врз телата“. Ако сме добро облечени, тогаш се чувствуваме како да носиме друга кожа.
2.„Едноставноста е клучот за вистинската елеганција“.
И, генерално, се уште сите се согласуваат со оваа нејзина изјава, бидејќи ако облеката е премногу комплицирана, нема да се знае каде да се погледне и вниманието ќе отиде на деловите од телото кои можеби не требало да бидат истакнати. Треба да се истакне „рамката“, обликот, не облеката, Едноставноста е најдобриот начин да се постигне ова.
Коко советува дека „дама треба да се погледне во огледало и да отстрани еден моден додаток пред да ја напушти куќата“. Ако носите тон нараквици, тогаш веројатно не ви требаат прстени на двете раце. Тоа е крајниот биланс. Тоа е тактиката на уметноста.
3. „Жената што не става парфем нема иднина“.
Ова е дури и малку смешно, но сепак парфемот е убава работа, а жената секогаш треба убаво да мириса. Па, ако не сакате парфем, тогаш барем туш пред да заминете во „акција“.
Кога една жена еднаш ја прашала: „Каде да нанесам парфем?” Коко одговорила: „Каде што сакаш некој да те бакне“.
4. „Најдобрата боја во целиот свет е онаа што најдобро Ви стои“.
Без разлика што и да ви кажуваат другите, облечете се во бои што прават да изгледате најдобро.
Ако не можете да одлучите која боја подобро ви стои, комбинирајте црна и бела боја. Нивната убавина е апсолутна. Тоа е совршена хармонија. Црно-белото никогаш не излегло од мода – ниту пак некогаш ќе излезе.
5. „Облечете се невешто и луѓето ќе го паметат фустанот, облечете се беспрекорно и луѓето ќе ја паметат жената.“
Ова не значи дека треба да се купува скапа облека, туку важно е добро да се комбинира. Дури и ако вашиот стил е невешт, можете да изгледате добро облечено ако ги примените горенаведените четири принципи. Не носете премногу широка облека и на горниот и на долниот дел од телото.
Нанесете малку парфем и внимателно дозирајте ги модните додатоци. Носете ги вашите најдобри бои или чисто црно-бело. Ќе бидете брилијантно облечени.
Вие сте она што луѓето треба да го паметат, а не вашата облека.
]]>


