Припадникот на народот „Шерпа“ на почетокот на мај годинава, се искачил на врвот на Монт Еверест по 25-ти пат, но при новиот 26. обид се откажал на половина пат.
-Ова требаше да биде 26-тиот обид и стигнав до Кампот III, но времето се влоши и сонував многу лош сон. Боговите ми рекоа да не одам. Верувам во Господ и решив да се вратам – изјавил Рита откако со хеликоптер се вратил во Катманду.
Највисокиот врв на светот меѓу локалното население е познат како „Сагармату“ што на тибетски значи „Мајка Земја“, и затоа пред да се искачат на планината секогаш го прават нивниот верски обред.
Иако не ги открил деталите за сонот, Рита потврдил дека ќе се врати следната година за да се обиде да го освои врвот по 26-ти пат.
Рита и 11 други водичи на Шерпа се искачиле на врвот на 7 мај и ги поправиле јажињата со што им овозможија на стотици други алпинисти да ја користат ледената патека до врвот.
51-годишниот алпинист првпат се искачил на врвот на Монт Еверест во 1994 година и оттогаш е дел од експедициите. Тој е еден од многуте локални водичи чија стручност и вештини се од витално значење за безбедноста и успехот на странските алпинисти кои доаѓаат во Непал секоја година во обид да го освојат врвот од 8.849 метри.
]]>


