Популарниот американски актер Бред Пит бил фотографиран додека излегувал од здравствениот центар во Беверли Хилс во инвалидска количка, каде што имал закажано преглед кај стоматолог.
Имено, актерот додека седел во количката, бил туркан кон излезот на болницата од телохранител. Пит облечен во црна јакна со капа, сиви панталони и бели патики, бил речиси и непрепознатлив бидејќи на лицето имал заштитна маска и очила за сонце.
Тој, најверојатно, морал да излезе од објектот со инвалидска количка поради долгогодишната политика на болницата, да се избегне нивната одговорност доколку пациентот се повреди напуштајќи ја установата под влијание на анестезијата или лековите.