Откако победина ја Евровизија членовите на италијанскиот бенд „Манескин“ немаат мир. Тие повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако ги обвинија дека нивната песна со која победија на Евровизија е плагијат.
Имено, Џорис Лиснс, член на рок-групата „The Vendettas“, за холандската РТЛ изјави дека италијанскиот бенд со песната „Zitti e Buoni“ прво победил на „Санремо“, а потоа во и во Ротердам, но дека оваа песната потсетува на делови од неговиот хит „You want it, you’ve got it“.