Режисерот на удар затоа што го снимаше враќањето во живот на Ериксен: „Запрете го преносот“, „Продолжете од студио“…

Во последните моменти од првото полувреме на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство, фудбалерот на данската репрезентација Кристијан Ериксен (29) колабираше на теренот. Медицинската екипа веднаш притрча и започна со реанимација. Сцената беше навистина вознемирувачка, а видеата и фотографии од немилиот настан ја обиколија цела Европа. Иако беше очигледно дека ситуацијата со Ериксен не е добра, режисерот инсистирал снимањето да продолжи да се снима сè. Од Ериксен како лежи неподвижен на тревникот, лекарите како се борат за неговиот живот до загрижеоста и очајот на девојката на Ериксен, Сабрина Квист Јенсен, која се обиде да влезе и да стигне до Ериксен. Неговите соиграчи експресно реагираа; тие создадоа жив ѕид околу Ериксен и го заштитија од камерите. Но, преносот под надлежност на УЕФА продолжи да се емитува, а режисерот не се откажа и едноставно одлучи вознемирувачките сцени да продолжат да се снимаат.

Гледачите на натпреварот многу брзо започнаа да реагираат, речиси преку сите социјални мрежи; тие апелираа емитувањето на преносот да се прекине. Меѓу нив се и некои познати фудбалери кои посочија дека е погрешно и длабоко неетички да се пренесуваат таквите сцени.

Би-Би-Си се соочи со бран критики затоа што не го запре емитувањето долго време. Поранешниот играч на Арсенал и поранешен англиски репрезентативец Иан Рајт преку Твитер апелираше програмата да продолжи од студио. Слично реагираше уште еден поранешен англиски фудбалер, Џермејн Бекфорд, кој твитна идентична порака на Твитер. Апели за запирање на преносот испратија и поранешниот англиски професионален боксер Франк Бруно и англискиот фудбалер Стивен Хамфрис, кои ги пофалија соиграчите на Ериксен затоа што го заштитија, повикувајќи ги медиумите кои емитуваа сè, да бидат одговорни.

Oд Би Би Си подоцна се извинија за нивната одлука, но на крајот вината ѝ ја префрлија на УЕФА.

https://twitter.com/MirrorFootball/status/1403805253192007680

За среќа, Ериксен е добро и целата ситуација не заврши трагично, но можеби ќе нè научи нешто во иднина.

]]>

Најчитани вести