Што ќе биде со Ериксен: Познат кардиолог тврди дека неговата фудбалска кариера е завршена

Еден од водечките спортски кардиолози во Англија, но и Европа, Санџај Шарма, за англиските медиуми изјави дека данските фудбалери, а подоцна и лекарите завршиле одлична работа спасувајќи го животот на Данецот Ериксен, за време на мечот на ЕП 2020 меѓу Данска и Финска.

Сепак, постои голема шанса Ериксен повеќе да не може да продолжи со животот на истиот начин како и досега , односно има големи шанси повеќе да не може да игра фудбал.

„Ериксен имал нормални резултати од тестовите до 2019 година и сега како да се објасни срцевиот удар? Добрата вест е дека тој е жив, а лошата е дека се ближи крајот на неговата фудбалска кариера. Не можам да гарантирам дека тој ќе може да игра фудбал професионално или да игра фудбал воопшто затоа што тој почина. Иако на неколку минути, но тој почина. Дали лекарите ќе му дозволат повторно да умре? Одговорот е не, рече Шарма.

]]>

Најчитани вести