(ВИДЕО) Хаос на улиците во Кабул: Илјадници луѓе се обидуваат да стигнат до аеродромот

Откако талибанците објавија дека ја презеле претседателската палата во Кабул, а авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата, илјадници луѓе во Кабул се обидуваат да си заминат.

Според Си -Ен -Ен, американското знаме во американската амбасада во Кабул во Авганистан е спуштен , што е последниот потег при евакуацијата на амбасадата. Американскиот амбасадор е евакуиран и стигнат до аеродромот.

https://www.reddit.com/r/PublicFreakout/comments/p4s0w1/traffic_jam_as_people_rush_to_the_kabul_airport/?utm_term=1519680385&utm_medium=post_embed&utm_source=embed&utm_name=&utm_content=header

Процесот на евакуацијата се очекува да заврши во текот на вечерта, а многу мал број дипломати ќе останат на аеродромот во Кабул. Во зградата на американската амбасада останале само неколку чувари, но и тие наскоро ќе заминат. Безбедносната ситуација во Кабул и на аеродромот брзо се менува, пренесува Ројтерс.

Улиците во Кабул се пренатрупани со автомобили, а луѓето брзаат кон своите домови или аеродромите, велат жителите на главниот град на Авганистан.

https://twitter.com/EsteveGirbes01/status/1426922933189025800

На „Редит“ е објавено видео од големиот сообраќаен метеж што се направил по патиштата кон аеродромот.

Новинарката на Си -Ен -Ен во Авганистан, Клариса Ворд, само објави дека владее хаос на аеродромот. Патот што води до аеродромот е целосно блокиран – илјадници луѓе се обидуваат да стигнат до аеродромот.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести