Продолжува потрагата по 48 исчезнати мигранти по бродоломот кај Канарските острови

Шпанските спасувачки тимови денеска ја продолжија потрагата по 48 мигранти кои исчезнаа по бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, на Канарскиот архипелаг.

Девет лица, меѓу кои и едно дете, ги загубија животите откако нивниот брод потона вчера рано наутро, соопштија службите за итна помош и спасување.

Спасувачите успеале да спасат 27 од 84-те мигранти кои се обидувале да стигнат до шпанскиот брег.

МИА

Најчитани вести