Од куќата на Винстон Черчил украден златен тоалет од 98 килограми

Тројца мажи се појавија пред судот во Англија обвинети за кражба на тоалет од 18 каратно злато, кој бил изложен како уметничко дело на изложба во родното место на Винстон Черчил. Целосно функционален тоалет, дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателано наречено „Америка“, бил украден од имотот на семејството Черчил, палатата Бленим, на југот на Англија – главна туристичка атракција и светско наследство на УНЕСКО.

Обвинителот Џулијан Кристофер рече дека група од пет мажи користеле украдени возила за да ја пробијат заклучената дрвена капија и да влезат во дворецот пред зори на 14 септември 2019 година. Тие влегле низ прозорецот,ја скршиле дрвената врата, го откорнале тоалетот од ѕидот и ја напуштиле зградата после пет минути. Тоалетот тежок 98 килограми бил осигуран на шест милиони долари. Обвинителството наведува дека најверојатно е растопен во помали количини злато за препродажба.

На Мајкл Џонс (39) му се суди пред судот во Оксфорд, обвинет за кражба и се изјаснил како невин. Фред До (36) и Бора Гучук (40) се обвинети за заговор со цел претворање или пренос на криминален имот, поточно злато, што тие го негираат.

Четвртиот маж, Џејмс Шин (39), претходно ја признал вината за кражба. Обвинителството тврди дека пораките пронајдени на телефоните на Шин, До и Гучук покажуваат дека тие се согласиле да купат и продадат 20 килограми украдено злато за 25.632 фунти по килограм, што е за околу 3.000 фунти помалку од тогашната пазарна цена. Тие тврдат и дека Гучук, сопственик на продавница за накит во Лондон, требало да заработи околу 3.000 фунти за секој килограм кој ќе го продаде, пишува alo.rs.

Најчитани вести