Лекар предупредува да внимавате на симптомите: Ова се три знаци дека срцето ви е слабо

Ако имате некои од овие симптоми, треба да се јавите кај вашиот лекар.

Д-р. Џереми Лондон, кардиохирург со седиште во Савана, Џорџија, често споделува здравствени совети на неговиот профил на TikTok. Сега тој ги предупреди своите следбеници кои три знаци можат да укажат дека имате слабо срце. „Тоа треба да бидат црвени знаменца“, рече Лондон, пишува New York Post.

Како прв знак, кардиохирургот го спомна отежнато дишење при одење.

Борбата да се добие доволно кислород, поради што дишете потешко, побрзо или подлабоко од вообичаеното, обично произлегува од болести на срцето или белите дробови, според Клиниката Мајо. Симптомот може да започне ненадејно или да трае долго време, а вообичаени причини вклучуваат срцев удар, неправилно чукање на срцето или срцева слабост. Треба да побарате лекарска помош ако недостатокот на воздух е придружен со отекување на глуждовите и стапалата, проблеми со дишењето кога лежите во рамна положба, треска, кашлица или висока температура.

Друг знак дека имате слабо срце е тешко дишење додека лежите.

Ортопнеа е медицински термин за отежнато дишење додека лежите, а седењето или стоењето често помага. Ако вашето срце е слабо, тешко ќе ја испумпува вишокот крв што природно се прераспределува од вашите нозе во белите дробови кога лежите рамно. Ако се потпрете со перници за спиење може привремено да ги ублажите симптомите, но треба да посетите лекар ако страдате од ортопнеа, особено ако имате болка или стегање во градите, чукање на срцето, отежнато дишење или кашлање бидејќи тоа често е знак за срцева слабост, пишува вечерњи.хр.

А како трет знак Лондон ги наведе отечените нозе.

Акумулацијата на течност во ткивата предизвикува оток, кој се нарекува едем. Натрупувањето на крв во вените на нозете може да значи дека вашето срце не работи како што треба, и често е првиот забележлив знак за срцева слабост. Експертите препорачуваат да се побара лекарска помош ако отокот започне ненадејно и без очигледна причина и е придружен со болка во градите, проблеми со дишењето, несвестица, вртоглавица или кашлица со крв.

Ако одите на лекар затоа што мислите дека имате слабо срце, објаснува Лондон, прво ќе треба да дадете историја на болеста, а потоа да поминете физички преглед кој може да вклучува и ехокардиограм. „Ултразвучната сонда коа се поставува на градите обично може да ја измери фракцијата на исфрлање, што е процентот на крв што се исфрла од срцето при секое отчукување. Нормално е од 65 до 70 проценти, а ако е значително пониско од тоа, тоа може да биде показател за слабо срце“, заклучува Лондон.

Најчитани вести