Иако многу инсекти ширум светот веќе служат како храна, во Европа тие до сега беа табу
Европската унија неодамна ја одобри употребата на брашно од ларви од црви во прехранбените производи.
Ова е првпат вакво нешто да биде одобрено за производи како леб, колачи, сирење, тестенини и преработени производи од компир.

Според ФАО, инсектите претставуваат значаен дел од исхраната на околу две милијарди луѓе во Африка, Азија и Латинска Америка, а повеќе од 2.000 видови инсекти се сметаат за јадење. Ларвите од жолтиот црв брашнар се богати со протеини (содржат помеѓу 50-55% протеини), како и железо, цинк и витамин Б12.
Тие се исто така поприфатливи од традиционалните извори на протеини, како што се месото и млечните производи, бидејќи бараат помалку ресурси за производство.

Сепак, иако брашното од инсекти сега е дозволено, неговата употреба е ограничена. На пример, во лебот може да има само четири грама брашно на 100 грама производ. Иако ова брашно се смета за безбедно, многу потрошувачи, особено во Германија, сè уште не се подготвени да прифатат инсекти во нивната исхрана.
Анкетите покажаа дека 80% од луѓето во Германија не се подготвени да јадат инсекти. Иако употребата на инсекти во храната е сè уште контроверзна, интересот за еколошки поприфатливи извори на протеини постепено се зголемува.


