Овие работи никогаш не ги земајте ако ги најдете на улица: Според народните верувања можат да привлечат сиромаштија и болест!

Бројни верувања се поврзани со работи кои им припаѓаат на други луѓе, а некои од нив дефинитивно не е добро да ги земете доколку ги најдете на улица.

Пари

Според едно старо верување, парите пронајдени на улица можат да донесат финансиска пропаст и лоша среќа, па затоа се препорачува да не ги земате.

Златен или сребрен накит

Пронаоѓањето накит на улица може да биде ризично, бидејќи се верува дека накитот ја апсорбира енергијата на сопственикот. Лицето што ќе го подигне може да собере негативна енергија или дури и болести од претходниот сопственик.

Кукли или плишени играчки

Иако возрасните ретко земаат кукли од улица, децата понекогаш го прават тоа. Сепак, според верувањата, ваквите играчки може да се поврзат со клетви и негативна енергија, па затоа се препорачува да не се носат во семејството.

Игли и други остри предмети

Остри предмети како игли може да бидат носители на негативна енергија и болест според верувањата. Затоа се советува да ги заобиколете и да не ги земате од улица, пишува Република.рс.

Најчитани вести